Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ-Варвициотис: Грција останува важен партнер на Северна Македонија на европскиот пат

0
By Соња Крамарска on January 11, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска во Атина оствари средба со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција за европски прашања, Милтиадис Варвициотис, на која беше разговарано за евроинтегративниот процес на Северна Македонија и соработката меѓу двете земји на ова поле.

„Северна Македонија ја има Грција за партнер и силен поддржувач на европскиот пат. Добрососедските односи и поддршката која ја имаме од Грција отвораат простор да се фокусираме и да зборуваме за европската иднина и за македонските евроинтеграции“, рече Маричиќ на средбата.

Министерот Варвициотис потврди дека Грција е искрен и силен поддржувач на Северна Македонија на европскиот пат и дека во текот на процесот на преговори можеме да сметаме на помош во постигнувањето на европските стандарди и забрзување на евроинтеграцијата.

Тој додаде дека е задоволен од досегашната соработка и добрите односи помеѓу двете земји, пример што треба да го следат и други земји, но и дека европскиот курс е тесно поврзан со спроведувањето на Договорот од Преспа. Почитувањето на меѓународното право е единствениот начин за градење добрососедски односи и просперитетна иднина на двата народи, додаде Варвициотис на средбата.

За вицепремиерот Маричиќ денешната официјална посета на Атина е уште една потврда за постоење на добра политичка волја и потенцијал за меѓусебна соработка во остварувањето на заедничките стратешки цели и нови инфраструктурни проекти кои ќе ја зголемат мобилноста на нашите граѓани, како отворањето на граничниот премин Маркова Нога за кој соговорниците изразија уверување дека ќе има успешна реализација и брзо и ефикасно отворање.

На состанокот Маричиќ и неговиот грчки колега Варвициотис дискутираа и за билатералните односи, случувањата во регионот, проширувањето на ЕУ, енергијата, војната во Украина и кризите предизвикани од истата.

Во рамки на посетата на Атина, Маричиќ ќе земи учество како главен говорник на тркалезна маса организирана од Програмата за Југоисточна Европа на Грчката фондација за европска и надворешна политика ЕЛИАМЕП.

После билатералниот состанокот на двете делегации предводени, вицепремиерот Маричиќ и грчкиот алтернативен министер за надворешни работи задолжен за европски прашања, Варвициотис одржаа заедничка прес-конференција.

Атина Бојан Маричиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.