Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Во преговарачката рамка пишува „македонски јазик”, ниту модерен, ниту старовремен – тоа прашање е затворено

0
By Zoran Ivanov on June 26, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сѐ додека го имаме Францускиот предлог, ние сме безбедни, рече вечерва Бојан Маричиќ поранешен Прв Заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања во интервју за телевизијата Канал 5 .

 Во емисијата „Само интервју“ тој се осврна на предлог амандманот на ЕПП во Европскиот парламент, во Извештајот пред терминот „македонски јазик“ да се додаде „модерен“.

Според Маричиќ, во преговарачката рамка јасно пишува македонски јазик и дека тоа прашање е затворено.

Јас мислам дека може на крајот да излезе дека ова е експеримент кој ќе заврши на штета на Македонија, рече поранешниот министер за ЕУ интеграции.

Се надевам дека нема да се усвојат оние амандмани кои ги предлагаат бугарските европратеници од сите групи и дека тоа ќе биде спречено и треба сите да се ангажираме да биде спречено.

Се додека го имаме францускиот предлог, сме безбедни, сите егзибиции со историска квалификација за јазикот само ќе ни ги комплицираат работите, теренот треба да се префли на малцинските прашања, вели поранешниот вицепремиер Бојан Маричиќ во Само Интервју.

Тој посочи и дека вреди да се побара од ЕУ, дека доколку ги исполниме условите, да бараме да бидеме во пакетот за проширување на ЕУ во 2030 година.

Сакам да видам каде новата влада сака да ја однесе Македонија во рамки на ЕУ интеграциите“, потенцира Маричиќ.

Ниту една држава што влезе во ЕУ не живее полошо отколку претходно. Пред се е наш изборот дали ќе останеме во таа група или не. Нас ни е битно да го затвориме прашањето. Речиси е невозможно да се промени преговарачката рамка, тоа што е веќе усвоено е усвоено, но кај нас не се препознава продолжување на процесот за носење на уставните амандмани и се плашам дека до 2030 година нема да бидеме во пакетот за проширување на ЕУ, вели Маричиќ.

На прашањето зошто мисли дека ние во овој момент имаме нешто посилно од тоа што веќе го имаме во преговарачката рамка, Маричиќ рече дека ние како влада во нашиот 7 годишен мандат, не сме дозволувале да се дискутира за било какви придавки на македонскиот јазик и потсети на преземените чекори во однос на Бугарија и евроинтеграциите.,

За време на владеењето на Владата предводена од СДСМ, во 2022 година беше последниот извештај на ЕП, а 2023 година беше еден деликатен период кога во Бугарија се чекаше да се формира Влада и мислам дека известувачот Илхан Ќучук, наш добар пријател, учествуваше во тој процес, меѓутоа во тој период тој напиша еден извештај кој беше прилично еднострано претставен, пробугарски и ние кога го видовме тоа се обидовме да разговараме со европратеници кои што беа од груата на социјалисти и демократи за да помогнат тоа да не се изгласа.

И во заедничка акција, дел од нив, изреагираа и не се донесе никаков извештај. Искажавме став дека е подобро да нема никаков извештај, отколку да има таков каков што беше тој. Зошто да не го побараме тоа и сега, рече тој.

Нас не ни треба извештај во кој ќе се додаде „современ македонски јазик“. Било каква додавка, придавка, не треба да има, ниту за јазикот ниту за идентитетот. Ние сме се избориле за тоа во преговарачката рамка, заклучи Бојан Маричиќво интервјуто за телевизијата Канал 5.

ЕУ интервју канал 5 тв Македонија маричиќ бојан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.