Марија Шарапова брои ситно до враќање на тениските терени. Руската тенисерка е под суспензија во изминатите 15 месеци поради позитивен допинг тест на забранетиот препарат мелдониум за време на ланското издание на Австралија опен. За полесно надминување на периодот без рекет во рака утеха нашла, како што самата призна, во чашката.
„Почнав да пијам алкохол повеќе од кога било претходно. Имав многу повеќе време за забави и можам да кажам дека баш се забавував. Ќе полудев ако мислев само на тенис“, изјави Русинката.
Нејзиниот кам-бек во ВТА турот е најавен во Штутгарт од 24 до 30 април. На турнирот во Германија ќе настапи со посебна покана од организаторот. Тоа ќе биде нејзино прво појавување на тениските терени по ланскиот Австралија опен.