Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Марио Драги: ЕУ и НАТО се во центарот на италијанската надворешна политика

0
By Ана Василевска on October 20, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Dichiarazione del Prof Mario Draghi al termine del colloqui con il Presidente Sergio Mattarella,al Quirinale.(foto di Francesco Ammendola - Ufficio per la Stampa e la Comunicazione della Presidenza della Repubblica)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Членството во Европската унија и НАТО се темелите на италијанската надворешна политика, изјави денеска италијанскиот премиер во заминување Марио Драги, пред формирањето на новата, десничарска влада.

„Ние целосно ги споделуваме европските и трансатлантските вредности и сакаме да продолжиме да ги штитиме и зајакнуваме“, им рече Драги на италијанските дипломати во Брисел.

„Овие принципи се уште поважни во кризите низ кои минуваме, од војната во Украина до енергетската криза“, додаде Драги во своето обраќање.

Неговите коментари уследија откако Силвио Берлускони, лидерот на партијата Форца Италија, која се очекува да влезе во новата италијанска влада, го пофали неговото долгогодишно пријателство со рускиот претседател Владимир Путин и ја обвини Украина за поттикнување на инвазијата во февруари.

Одбивањето на Берлускони да го обвини Путин за војната предизвика загриженост дека новата влада, која се очекува да биде предводена од националистичката лидерка Џорџа Мелони, може да ја ослаби одлучноста на Западот против Москва.

Мелони во средата рече дека нема да дозволи Италија да биде слабата алка на Западот, додека политичарот Антонио Тајани од партијата Форца Италија се обиде да ги увери сојузниците од десниот центар во Европската унија за надворешната политичка позиција на неговата партија.

„Во Брисел сум за уште еднаш да го потврдам ставот на Форца Италија, нејзиниот лидер Силвио Берлускони и својот во корист на НАТО, трансатлантските односи, Европа и против  неприфатливата инвазија на Русија врз Украина“, напиша Тајани на Твитер.

Италија Марио Драги НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.