Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Марјан Ристески: Пресудата против мене е незаконита

0
By Нова ТВ on August 19, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основниот суд во Прилеп го осудил градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески на парична казна од 36.900 денари или алтернативна мрка од условна казна затвор во траење од три месеци, објави Публикум.

Како што пишува медиумот прилепскиот градоначалник е задолжен на име надомест на штета на општината да ѝ исплати 238.750 денари.

Градоначалникот Ристески е прогласен за виновен затоа што во периодот од 18.07.2015 година па до 6.10.2016 година како службено и одговорно лице во Општина Прилеп, со несовесното постапување во вршењето на своите овластувања и должности не обезбедил правилна и законита заштита на сопственоста на општината, односно не ја осигурил од штети зградата на Општина Прилеп. Со тоа, градоначалникот Ристески на Општина Прилеп ѝ нанесол штета во износ од 238.750 денари, која настанала за време на одржаните протести од група граѓани во текот на месеците април, мај и јуни 2016 година.

Од општината денеска испратија соопштение со реакција на градоначалникот Ристески во која тој вели дека пресудата на судот е неважечка и незаконска

„Основниот суд Прилеп без да спроведе постапка во која што би ги соочиле аргументите, го потврди налогот доставен од ОЈО Прилеп, иако истиот е апсурден и на него имам изјавено приговор, така што одлуката на судот се смета како воопшто да не била донесена. Убеден сум дека по спроведувањето на постапката во судот ќе се докаже дека сум целосно во право. Штетата на општинската зграда ја предизвикаа други лица за време на шарената револуција, од кои треба да се бара одговорност. Јас како градоначалник на Општина Прилеп имам обезбедено заштита на сопственоста на Општината. Во Општината функционира служба за обезбедување на општинската зграда и има видео надзор за набљудување на околината на зградата, со што во целост го имам применето членот 50 ст.1 т.15 од Законот за локалната самоуправа“, се вели во реакцијата на градоначалникот Ристески.

Во соопштението пишува и дека цел на овие случувања е дискредитирање на неговата личност, но и да се стави дамка на работењето на општината и на спроведените проекти.

#Шарена револуција Марјан Ристески Општина Прилеп пресуда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.