Сопственикот на Фејсбук, Марк Зукерберг одлучил да влезе во политичките води и идниот месец ќе организира донаторска вечера за Крис Кристи, републиканскиот гувернер на Њу Џерси. Тој се смета за потенцијален републикански кандидат за претседателските избори во 2016 година.

Вечерата ќе биде организирана на 13 февруари во куќата на Зукерберг во Калифорнија, а гостите што сакаат да присуствуваат на овој настан ќе мора да платат по 3 800 долари.
Сопственикот на Фејсбук засега не се изјаснува дали поддршката ќе ја даде на Републиканците или на Демократите, освен што досега два пати имал состаноци со претседателот Обама, за време на неговите посети на Силиконската долина во Калифорнија.

Портпаролката на Фејсбук, Сара Фајнберг изјавила дека Зукерберг се запознал со гувернерот Кристи пред две годни кога дал донација од 100 милиони долари за училиштата во градот Њуарк во Њу Џерси.