Парламентот на Мароко конечно го усвои законот со кој се казнува насилство врз жени.
Законот се подготвуваше и се разгледуваше од 2013 година до сега.
– Слава на Алах! – напиша на Фејсбук мароканската министерка за солидарност, прашања за жените, семејство и социјален развој Басима ел Хакави од исламистичката Партија за правда и развој, најголемата партија во владејачката коалиција.
Текстот на законот во Парламентот бил поднесен во 2013 година и постојано бил дополнуван. Денеска тој конечно е усвоен во Долниот дом со 112 гласа „за“, 55 „против“ и еден воздржан.