Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Марш за ангелите во Кочани, продолжува борбата за правда: Судиите право да судат!

0
By Zoran Ivanov on June 28, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Семејствата на трагично загинатите и повредените во пожарот во кочанската дискотека и оваа сабота маршираа за своите ангели по улиците на Кочани. Со фотографии во рацете од своите најмили и со солзи во очите тие чекореа во тишина. Тие повторно ги повикаа институциите да ја спроведат правдата во целост и да одговараат вистинските виновници за оваа досега најголема трагедија во земјава.

Ги повикаа судиите да судат право и тоа што поскоро.

Рутата беше иста како и секоја сабота. Точно во 18.05 часот маршот започна од Паркот на револуцијата, се движеше низ трговскиот центар, продолжи пред зградата на Општина Кочани, а заврши пред полициската станица, Основниот суд и обвинителството. Тоа се местата кои, според семејствата, сè уште немаат дадено одговор за бројните прашања поврзани со причините и одговорните за пожарот.

Семејствата на загинатите и овојпат укажаа на големи неправилности во истрагата за пожарот. Побараа одговорност од полицајците кои вечерта интервенирале во дискотеката, но и од директорот и медицинските лица кои работат во кочанската болница, затоа што работеле без потребни материјали и кислород, па не можеле да им пружат помош на настраданите. Побараа одговорност и од локалните власти и од инспекциите.

Тоа нема да ги врати нашите деца. Да беше затворена дискотеката затоа што немала дозвола, немаше да загинат нашите деца – рече една од мајките, која порача дека се бори за сите деца и за нивните и за другото дете.

Но, мајката до неа вели: „Јас немам ниедно. Едно имав и тоа ми го зедоа“.

Мајка на диџеј во дискотеката, кој е еден од загинатите во пожарот, се обрати до институциите во државата.

До сите институции кои ни ги убија децата, да ги погледнат овие раце. Овие раце што цел век печалеа, да ги исчуваат и нахранат своите деца да станат вистински личности за оваа држава. Но штета, некој го скрати тоа задоволство рече мајката.

Неутешната мајка извади лименка која ја нашла во ранецот на својот син и се намачка на лицето од пепелта која се уште стои на лименката.

Тие ги коментираа и изјавите на директорката на УЈП, која вчера кажа дека глобата за дискотеката што не работела по пропис за готовина, била платена, а затворено било само кафулето. Тие рекоа дека писмено ќе достават докази дека дискотеката не работела според закон и дека не исплаќала плати на сметка. Велат дека се сигурни дека се прикриваат работи.

Маршот се одржува секоја сабота и стана симбол на истрајноста на граѓаните во битката против институционалната рамнодушност.

 

Кочани марш правда протест родители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.