Стотици илјадници припадници на етничката група на маратхите денеска протестираа во Мумбај. Тие бараат квоти врз кастински принцип во државната администрација и пристап до високото образование – пренесува МИА.
Во јужниот дел на Мумбај, маратхите формирале петкилометарски „молчелив протест“, поради кој бил отежнат сообраќајот, а околу 400 училишта биле затворени.
Учесниците на протестот само вееле знамиња, но не скандирале поради што собирот бил наречен „мирен протест“.
Организаторот на протестот, Маратхскиот револуционерен фронт, истакнал дека меѓу барањата биле и повисоки откупни цени на земјоделските производи и простување на земјоделските заеми.
Маратхите сочнуваат една третина од населението на индиската држава Махараштра. Тие во главно се занимаваат со земјоделство.




