Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Масовната урбанизација го смести Охрид на листата на загрозено светско наследство

0
By Нова ТВ on May 21, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) во најновиот нацрт извештај препорачува да го стави Природното и културното наследство на Охридскиот регион на Листата на загрозено светско наследство, поради недоволниот напредок до решавањето на проблемите и поради постојаните закани и големите инфраструктурни и развојни проекти, кои што претставуваат потенцијална опасност.

УНЕСКО со жалење констатира дека малку е направено за имплементација приоритетните препораки на мисијата на УНЕСКО од 2017 година,  како и тоа дека државата не го информира редовно Комитетот за светско наследство за проектите и активностите што се предвидуваат и се реализираат во заштитеното подрачје. УНЕСКО истакнува дека со голема загриженост ја следат најавата за продолжување на оригиналната траса на железничкиот Коридор 8, и покрај барањето на Комитетот за алтернативно решение надвор од заштитените подрачја. Исто така, УНЕСКО е загрижен за делот од автопатот од Требеништа до Струга и бара од државата итно да пронајде друго решение за проектот.

Тие го поздравуваат запирањето на патот преку Галичица и изградбата на ски центар на планината, како и запирањето на експресниот пат Охрид – Пештани.

-Мисијата на УНЕСКО при инспекцијата во 2017 година забележа бројни закани за природните и културните вредности, како: намалено ниво на вода, неконтролирано испуштање, загадување на водата поради несоодветни системи за третман на отпадните води, неконтролиран урбанистички развој и несоодветни експлоатација на крајбрежните зони. Ова резултираше со зголемено загадување и негативно влијание врз природното богатство. Мисијата заклучува дека препораките не се имплементирани за овие две години и регионот на Охрид треба да се стави на листата на загрозено светско наследство, се наведува во нацрт извештајот.

Ексшертите на УНЕСКО бараат од државата во консултации со Центарот за светско наследство да спроведат мерки со кои сегашната ситуација ќе се коригира, со што регионот на Охрид би се тргнал од оваа Листа.

Во нацрт заклучоците УНЕСКО забележуваа дека не се имплементирани ургентните препораки на Комитетот, посебно во делот на воведување мораториум на легализација на дивоградбите, попис и уривање на оние кои негативно влијаат врз подрачјето. Се бара со закон да се заштити каква било понатамошна нелегална изградба во заштитеното подрачје.

За тоа што од препораките ќе биде имплентирано, државата до 1 февруари 2020 треба да достави до Комитетот за светско наследство, извештај за тоа што е направено.

Нацрт заклочоците се очекува да бидат усвоени на конференцијата на Комитетот за светско наследство од 30 јуни до 10 јули во Баку.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.