Published: Saturday, November 19, 2016 14:40
Стотици илјади демонстранти во Јужна Кореја се собраа денеска на улиците на Сеул четврти пат оваа недела барајќи оставка од претседателката Парк Гуен хје поради вмешаност во корупциски скандал.
Минатата недела на протестите учествуваа милион луѓе, а само во Сеул според тврдењата на организаторот имало околу 500.000 лица, пренесува Ројтерс.
Во центар на корупцискиот скандал се најде блиска пријтелка и соработничка на претседателката Парк, Цои Су сил која е уапсена поради измама и злоупотреба на службената положба.
Таа е обвинета дека влијаела на Парк со тоа што ги навела индустрсиките компании да вложуваат во сомнителни фондови, а потоа тие пари ги користела за лични потреби.




