Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Масовни протести во САД против власта на Трамп

0
By Zoran Ivanov on April 20, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во САД се одржаа стотици антивладини протести против власта на претседателот Доналд Трамп.

Од Вајоминг до Вашингтон и од Мисисипи до Менхетен, протестите вчера се одржаа под мотот „50501“, назив на децентрализирана иницијатива започната на социјалната мрежа Reddit, чија цел беше организација на протести во сите 50 сојузни држави кои требаше да се одржат на 5 февруари. Според портпаролот на движењето, тоа се продемократски активисти кои се борат против прекумерна извршна власт со ненасилен отпор. Протестите на 5. април се одржаа под мотото „Рацете подалеку“.

Вчерашните протессти се совпаднаа со  250-годишнината од почетокот на Американската револуционерна војна. Наместо класични демонстрации, организаторите повикаа на „ден на акција“, за потсетување на лошата имиграциската политика, економската нестабилност и кратењето на федералната работна сила. Во рамкоте на протестот имаше работни акции за чистење населби и собирање храна и производи за хигиена за донации.

На Националната алеја во Вашингтон се собраа илјадници демонстранти со барање за враќање на Килмар Абрего Гарсија, кој е депортиран во Ел Салвадор. Протестот се спои со штрајкот на вработените од Бирото за заштита на потрошувачите, чиј персонал беше скратаен за 90 отсто. Цел на критики беше Илон Маск и неговата служба ДОГЕ.

Имаше и контрапротести, но тие не беа пречка главните протестите да поминат  мирно, иако имаше апсење на демонстранти поради наводни напади врз полицијата. На други локации се одржаа протести пред Белата куќа и резиденцијата на потпретседателот Џеј Ди Венс, додека организаторите истакнаа дека заемната помош е начин за отпор и солидарност.

Масовни протетсти вчера се одржаа и во Њујорк, Лос Анџелес и уште неколку градови.

 

протести САД Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.