Published: Sunday, June 11, 2017 20:19
Најмалку 930 затвореници избегаа од затвор, a има 11 повредени во масовното бегство од затвор во Конго откако во него упаднаа непознати вооружени напаѓачи.
– Од 966 затвореници, останале само 30 што значи дека повеќе од 930 затвореници побегнале, изјави Палуку Кахонја од надлежната полиција.
Властите воведоа полициски час во градот Бени и околината. Најголем дел од затворениците во тој затвор се бунтовници од Здружените демократските сили, обвинети за масакр врз цивили во 2014 година. Ова е второ масовно бегство од затвор во оваа држава откако пред помалку од еден масец во мај годинава во главниот град Киншаса побегнаа повеќе од 4.000 затвореници.




