Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мастектомијата на Анџелина Џоли – поттик за другите жени?

0
By Нова ТВ on May 16, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 16, 2013 16:50

Соопштението на Анџелина Џоли кое го изненади светот дека ги отстранила двете дојки за да го намали ризикот од појава на рак на дојка, ја разбрани јавноста за контроверзната процедура.

Стапката на жени кои се одлучуваат за превентивна мастектомија е зголемена за околу 50 отсто во последните неколку години, велат експертите. А истражувањата покажуваат дека тие се среќни со својата одлука.

Но дел од лекарите реагираат поради тоа што процедурата не носи 100 отсто гаранција, и притоа се работи за тешка операција. Тие истакнуваат дека во вакви ситуации жените имаат и други опции, како што се од една пилула дневно, до внимателен мониторинг.

Жените можат да примаат тамоксифен или некој друг од поновите лекови наречени ароматаза инхибитори, и со тоа да се намали ризикот за речиси 50 отсто.

Актерката Анџелина Џоли во своето писмо објавено во Њу Јорк Тајмс истакнува дека загубата на нејзините дојки вредела да се направи заради превенција на развојот на ракот.

„Откако тестирањата за рак на дојката станаа достапни, бројот на жени кои се одлучуваат да бидат тестирани за остранување на дојките се зголеми“, вели др. Тод Тутл, шеф на хируршката онкологија на Универзитетот во Минесота.

Други гени можат да го зголемат или намалат ризикот кој BRCA1 и BRCA2 мутациите го пренесуваат. И овие мутации се ретки. Американските превентивни услуги на Тask Forcе препорачуваат – само жените со цврста семејна историја да размислуваат за правење на BRCA генетски тест – а тоа е само 2 отсто од американските жени.

Но зошто толку многу жени се одлучуваат за операциски зафат кога стапката за преживување рак на дојка се 93 проценти ако тој е здобиен во најраните фази, и 88 проценти во првата фаза.

„Јас ја сметам за недостаток и ситуацијата на постоење на преголема свест за ризиците од рак на дојка. Жените во САД само претпоставуваат дека ќе се здобијат со рак на дојка“, наведува Тутл.

Точната стапка е околу 12 проценти. Речиси кај 1 од 8 жени ќе се развие рак на дојка, и од 230 000 жени на кои им бил дијагностициран рак на дојка минатата година, само околу 40 000 починале од тоа.

Др. Сандра Свејн, претседател на Американското друштво за клиничка онкологија, се согласува дека жените не треба да претпоставуваат дека се изложени на висок ризик. Но таа мисли дека не постои нешто како што е хиперсвесност.

Во едно од истражувањата на др. Тутл, се покажало дека дека жените на возраст од 55 и помлади со фамилијарна историја на рак на дојка во двете гради – високо-ризична група – имале околу 16 проценти ризик за развој на рак во втората дојка во текот на следните 10 години.

Приватните осигурителни компании обично плаќаат и за отстранувањето и за реконструкцијата, вклучувајќи ги и имплантите, ако лекарите укажуваат на таква потреба. И истражувањата велат доколку хирургот е добар и резултатите се добри.

„Но жените не сфаќаат колку сериозна е операцијата“, вели Тутл.

„Се прашувам дали една од причините поради кој се практикува овој тренд е тоа што жените ја потценуваат тежината. Профилактичка мастектомија со итна реконструкција е голема работа. Може да трае до 5-6 часа“, вели онкологот.

Според него може да се појават и компликации и повторни операции. А заздравувањето може да трае и цел месец.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.