Филип Т Петровски: Како исти бројки на берзата нè чинат 15 денари поскап дизел?
Ајде малку брутална математика и факти кои некој упорно се обидува да ги сокрие под тепих. Без одолговлекување, директно во очи:
Септември 2024 година: Нафтата на светските берзи е 72,4 долари за барел. Доларот вреди 54,64 денари.
Резултат?
На македонските бензински пумпи дизелот се точи за 67 денари по литар.
Денес: Цената на нафтата е практично идентична – 72,12 долари за барел. Курсот на доларот е дури и паднат – 53,86 денари.
По секоја економска логика и пазарна законитост, дизелот денес требаше да биде под 67 денари.
Но, што добиваат граѓаните? Најава за шокантни 82 денари по литар!
Како е можно при потполно исти берзански услови и уште поповолен курс на доларот, македонските граѓани да плаќаат 15 денари повеќе за секој еден литар дизел?
Ова не е пазарна економија.
Ова е класичен, дрзок грабеж врз грбот на народот. Кој го прибира екстра профитот?
Извор фејсбук



