Двајца високи американски функционери порачуваат дека САД не се заинтересирани за промена на режимот во Пјонгјанг или за брзо повторно обединување на двете Кореи.
Шефот на Пентагон Џим Матис и државниот секретар Рекс Тилерсон во заеднички текст во Волстрит џорнал истакнуваат дека САД преферираат дипломатско решение на нуклеарната криза, особено со помош на Кина, но не исклучуваат и воени операции.
-САД не се заинтересирани за промена на режимот или за брзо обединување на двете Кореи, напишаа двајцата функционери.
Тие ја повикаа Кина чиј главен трговски партнер е Северна Кореја и нејзин сојузник, да влијае на Пјонгјанг и да го повика тамошниот режим да се откаже од опасниот пат.
Истовремено лидерот на Северна Кореја Кин Јонг ун го добил извештајот на севернокорејската војска за нејзините планови да го нападнат подрачјето во близина на Гуам и изјави дека ќе го селди делувањето на САД некое време пред да донесе одлука, јави севернокорејската агенција.




