Валтер Мацари од денес и официјално стана нов тренер на Каљари.

Педесет и деветгодишниот италијански фудбалски стручњак потпиша договор со клубот до крајот на јуни 2024 година.

Претходниот предводник на Каљари беше Леонардо Семпличи, кого управата на клубот го отпушти вчера.

Тимот е рангиран на 17. место на табелата во Италијанското првенство со само еден бод по три кола.

Последното работно место на Мацари беше Торино. Тренерот ја прекина соработката со клубот по заеднички договор во февруари 2020 година.