Маж (52) од САД е обвинет за убиство на тинејџер и повредување на четири возрасни лица додека се спуштале по река во Висконсин.

Осомничениот, кој е од Минесота, со нож избодел пет лица додека пливале по реката Епл, при што убил 17-годишник, а четворица се здобиле со тешки повреди, објави „Ен-Би-Си њуз“.

„Една жена и тројца мажи на возраст од 20-тина години го преживеаја инцидентот. Најмалку тројца се хоспитализирани во критична состојба, додека четвртата жртва претрпе сериозни повреди“, изјави шерифот од Висконсин, Скот Кнадсон.

Инспекторите сè уште не го утврдиле мотивот за нападот. Инцидентот се случил околу 15.45 часот во саботата во Сомерсет.

Кнадсон рече дека осомничениот и жртвите биле во различни групи кои се спуштале по реката во исто време.

Осомничениот сега е во притвор. Полицијата го фатила со помош на цивили, од кои еден го фотографирал.