Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меџити: Легитимен претседател на АА е Таравари, ја имаме поддршката од 83 делегати на Собранието

0
By Marija Todorovska on February 8, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Легитимен претседател на Алијанса за Албанците е Арбен Таравари и партијата има легитимно Собрание, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, кој се соочува со разрешување по поделбите во Алијансата за Албанците. Меџити ги обвини ДУИ за опструкции на неговата работа.

-Во Алијансата на Албанците има едно едно централно собрание и тоа ќе биде вечерва во Куманово и тоа ќе биде и собир со граѓаните, легитимните избрани органи или легитимниот претседател на партијата е господинот Таравари, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити на средба со новинарите.

Прашан што ќе му порача на Зијадин Села, кој е на чело на едно од крилата на партијата, рече дека АА има свои легитимни органи и легитимен претседател кој е избран на најдемократски начин во партијата.

-Тие што одлучиле да кумуваат со ДУИ за свој личен интерес тоа е нивна работа, ги поздравувам им посакувам добро здравје,  како министер за здравство. Тоа е коментарот мој за ова прашање, рече Меџити.

Тој кажа дека 83 членови на собранието се на нивна страна и оти нема нејаснотии.

-Ние ги имаме собрано 83 од членовите на Собранието и мислам дека тука нема нејаснотии. Имаме легални легитимни органи имаме легитимен претседател, изјави Меџити.

Рече дека не знае кога ќе биде седницата за негово разрешување, но дека тој и министерот за информатичко општество Азир Алиу имаат право да се обратат пред пратениците.

За министерот за правда Кренар Лога, кој е на страната на Села рече дека е негов другар и има голема почит кон него и го чуствува како брат, но дека некогаш патиштата се двојат.

Меџити исто така кажа дека во јавноста има информација дека им било сугерирано на директорите од Клиничкиот центар од ДУИ да земат боледувања за да не бидат разрешени од него и побара од новинарите и Фондот да го проверат тоа.

Министерот за здравство повтори дека политиката треба да ги тргне работите од здравството и од образованието.

-Замислете таков сообраќаен хаос на Клинички, да најдеш решение, ги земаш сите мислења и во тек на три-четири дена треба да се парафира и да се прати на дотично министерство за да може процедурата да си тече. Е тука се соочувам со сите овие опструкции по препорака од Артан Груби за да не можеме да ги реализираме овие проекти. Знаете во оваа држава се може да ти простат само успехот не. Јас навистина се борев, се борев за правата на здравствените работици и граѓаните да добиваат подобри услуги, рече Меџити.

Министерот кажа дека се соочувал со опструкции за катните гаражи и спојувањето на Клинички, но и за други проекти.

Според него, се покажало дека ДУИ преку нивните министри од кои зависат многу работи и решенија, до крај решиле да политизираат.

-Исто така жалам што на тој пат најдоа сојузници и во неколкумина членови на Алијансата. Но, од друга страна можам да кажам дека сега конечно е јасно кои се вистинските членови на Алијанса кои работат чесно и стојат зад иделогијата на партијата, а кои биле тие кои заради лични интереси решиле да кумуваат со ДУИ во политиката. Конечно граѓаните и симпатизерите може да направат разлика и да бидат сигурни дека нема да имаме тројански коњи на ДУИ кои ќе ја уништат партијата, нагласи Меџити.

Алијанса за Албанците Арбен Таравари ДУИ Фатмир Меџити
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.