Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Медиуми во ЕУ: Авганистан е победа на светскиот тероризам и пораз на извозот на западните вредности

0
By НОВА ТВ on August 16, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Молскавичната победа на екстремните талибански исламисти во Авганистан и исто така молскавичниот распад на локалните власти, поддржани од САД и НАТО, претставуваат несомнена победа на светскиот тероризам и „горчлив пораз за Западот што целосно се прецени, неодоливоста на неговите вредности и верувања дека секој сака да биде како нас, без разлика на историјата, културата, идентитетот“, оценува денеска данскиот весник „Јиланд постен“.

Многу е слично мислењето и на другите западноевропски медиуми и аналитичари, кои предупредуваат дека самите Авганистанци, иако имале огромна финансиска и воена помош од Западот, пропуштиле судбоносна можност да го уништат исламскиот фанатизам во нивната земја.

Францускиот дневен весник „Ле Монд“ смета дека катастрофалните американски проценки за силата на талибанците доведоа до страшен удар врз владата на американскиот претседател Џо Бајден, и вели, „САД ги турнаа Авганистанците во волчјата вилица“.

Коментаторите, исто така, посочуваат дека европските сојузници на Америка, и покрај жртвите, беа и сега се целосно немоќни да направат било што, и сега постои голема загриженост и страв во Европската унија од очекуваниот прилив на авганистански бегалци.

Главниот уредник на италијанскиот весник „Република“, Маурицио Молинари, го обвинува „авганистанскиот народ што не се брани од талибанската инвазија“.

„Авганистанците очигледно немаа доверба во својата влада, што значи дека 20 -годишната огромна странска помош не беше доволна за да предизвика аверзија кон џихадот во таа земја“, напиша Молинари.

„Мораме да ја имаме на ум силната лекција за тоа што се случи во Кабул, а тоа е дека џихадизмот може да се искорени само доколку муслиманите во нивните земји најдат сила и храброст да го отфрлат џихадизмот од своите определби и уверувања“, дополни уредникот на „Република“ во уводникот.

Швајцарскиот весник „Ноје Цирхер Цајтунг“ истакнува дека прозападните авганистански власти првенствено се бореа за влијанието со племенските водачи, наместо да ги здружуваат силите за борба против талибанците, додека корупцијата и лошото владеење со земјата ја докусурија веќе слабата држава.

Берлинскиот весник „Тагесшпигел“ смета дека враќањето на талибанците во Авганистан  „борбениот исламизам, меѓународниот тероризам, ќе го прослават како победа над презрениот, омразен Запад силно радувајќи се дека дури и „големата сатанска Америка е фрлена на колена во пресрет на 20-годишнината од нападикте од 11 септември 2001 година“.

Независниот руски весник „Новаја газета“ е на мислење дека блиц-кригот на талибанците е „победа на теророт значи дека поразените џихадисти од денеска ќе почнат да регрутираат нови борци преку социјалните мрежи и сите европски разузнавачки служби мора внимателно да почнат со превод и анализа на петочните проповеди во џамиите“.

Можно е да се очекува, додава московскиот весник, во Авганистан да почнат да се формираат центри за обука на терористите и нивните упоришта, а „под знамето на талибанците, тие можат да очекуваат многу удобни услови“.

Францускиот деловен дневен весник „Лезеко“, укажува на фактот дека Кина воспостави важни врски со талибанците, но „Пекинг им вели на талибанците: „Шеријатот е во ред“, „Ал Каеда никако“.

„Лезеко“ е со ставот дека враќањето на талибанците на власт во Авганистан е „најтешкиот пораз на Западот од Суецката криза во 1956 година, а во 1975 година, по падот на Сајгон, ниту Брежњев во СССР, ниту Мао во Кина успеаја да извлече добивка и предност од понижувањето на Америка … што нема да биде случај со кинескиот Си Џинпинг денеска, кој веќе се појавува како бариера за муслиманскиот тероризам“.

Авганистан ЕУ медиуми Талибанци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.