Published: Wednesday, December 9, 2015 12:51
Рускиот премиер Дмитриј Медведев вели дека соборувањето на рускиот воен авион од страна на турските воздушни сили бил доволна причина за војна, но дека Москва одлучила да не преземе симетричен одговор.
-Што правеа државите во 20-от век во слични ситуации? Започнуваа војна, изјави Медведев во телевизиската емисија „Разговор со премиерот“, додавајќи дека постапката на Анкара била „директен напад врз странска држава“.
Меѓутоа, според него, почнување војна во сегашната ситуација би била најлоштото нешто што би можело да се случи.
-Затоа донесовме одлука да не примениме симетричен одговор на овој чекор на Турција, вели Медведев.




