Рускиот премиер Дмитриј Медведев на Конференцијата за безбедност во Минхен изјави дека односите меѓу Русија и Западот го вовлекле светот во нова студена војна.
Посочувајќи ги тензиите во однос на Украина и руската поддршка на режимот во Сирија, Медведев рече дека резултат од сето тоа е непријателската политика на НАТО спрема Русија.
– Сега јасно можеме да кажеме дека влеговме во нов период од Студената војна, рече Медведев во обраќањето на Конференцијата. Речиси секојдневно не обвинуваат за предизвикување гнасни закани или кон НАТО или кон Европа или кон САД и другите земји, рече тој.
Медведев го критикуваше проширувањето на НАТО и длабокото влијание на ЕУ врз источно- европските земји кои беа под советско влијание.
– Европските политичари сметаат дека со креирањето на т.н. ланец на европски пријатели на периферијата на ЕУ можат да ја гарантираат безбедноста, но што е резултатот? Тоа не е ланец на пријатели, тук ланец на исклучување, истакна Медведев.




