Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МЕЃАШИ: МОН да воведе бесплатно тестирање во училиштата, настава да има и на отворено

0
By НОВА ТВ Balaban on September 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ повикува на проактивност и мобилност од страна на Министерството за образование во образовниот систем, и бара да се воведе задолжително бесплатно тестирање за сите ученици и персонал во училиштата за да се спречи неконтролирано ширење на вирусот во училиштата.

– Свесни сме и имаме голем број  информации кои до нас пристигнуваат како од родители, деца и други членови на семејствата така и од наставници дека учебната година со физичко присуство претставува висок ризик по здравјето, како за децата така и за вработените и за семејствата поради несоодветниот начин на организирање на наставата, велат од МЕЃАШИ.

Според нив, нетранспарентноста на МОН и недостатокот на информации во поглед на бројот на активни случаи во училиштата дополнително ги зголемува сомнежите и вознемиреноста кај родителите.

Очекуваат надлежните од МОН заедно со директорите на училиштата да изнајдат начини и да го искористат убавото време, креативноста и можностите на училишните дворови и да  прилагодат дел од наставата да се одвива надвор, на отворено за да им се овозможи на децата слободно да дишат.

Како што потенцираат од првата детска амбасада во светот, скратувањето на наставата и должината на часовите е уште една брза и ефикасна мерка која може веднаш да се спроведе за да се избегнат други здравствени проблеми предизвикани од долгото носење на маски.

– Ги охрабруваме родителите да се вклучат активно и преку Советите на родители и Училишните одбори да упатат барања и да предложат мерки кои ќе служат како корекција на непрактичните протоколи односно ќе донесат директни промени во интерес на децата. Родители, од вашата мобилизација, проактивност и притисок ќе зависи квалитетот на наставата под овие посебни услови и дополнително ќе придонесе децата да можат да посетуваат настава, велат во соопштение.

Како што посочуваат МЕЃАШИ, очекуваат да се отпочне расправа во најскоро време за да се направат потребните измени во законот за образование и на родителите да им се даде можност за учење од дома.

Во однос на евентуалното воведување на задолжителна вакцинација на децата од 12 годишна возраст со постоечките вакцини против ковид-19, од МЕЃАШИ сметаат дека оваа одлука треба да ја донесе секој родител/старател по можност по претходен разговор и консултација со повеќе стручни, професионални, доверливи и високо компетенти лица кои би биле детално запознаени со целокупната состојба и историја на болести на детето, како и во разговор со своето дете. согласно возраста и зрелоста и дека треба да биде целосно информирана и лична одлука земајќи ги  предвид сите долгорочни и краткорочни ризици и бенефити од преземениот чин и дејствувајќи во најдобар интерес на своите деца.

 

 

Меѓаши МОН наставата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.