Од багажникот на автомобилот марка БМВ кое утринава слета во водите на Дунав, изведено е безживотното тело на 20 годишниот Милош Ј. По налог на јавен обвинител на возачот 19 годишниот Душан Ј. Му е одредена мерка притвор.
Во автомобилот кој рано утрината слета во водите на Дунав кај Ада Хуја, од водата се спасени Душан Ј.(19) Милица Ј. (18) и Лука В.(20)син на новинарката Оља Бечковиќ, која за Блиц потврдила дека нејзиниот син се наоѓал во автомобилот.
Несреќата не ја преживеале Милош Ј. (20), Немања(18) малолетната девојка А.С.(16). Кај сите преживеани е најден алкохол во крвта, јавуваат спските медиуми.
Во автомобилот што е изваден од Дунав имало шест млади, од кои тројца се удавиле, а тројца се спасени. Зошто еден од нив се наоѓал во багажникот ќе покаже истрагата.




