Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународна конференција: Ако младите не бидат вклучени во креирање политики ќе си заминат од државата!

0
By Mirjana on October 11, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 11, 2021 11:07

Младите мора да бидат вклучени во градењето политики со кои се обликува нивната иднина во спротивно ќе си заминат од регионот. Повеќе од потребна е конкретна акција и мобилизација – гласи пораката од 19та Меѓународна младинска конференција која се одржа во Крушево и на која над 70 млади луѓе од регионот споделуваа заеднички визии за тоа како да си го подобрат животот во своите земји и тука да ги пресликаат европските вредности наместо да си заминуваат надвор.

Активно учество во креирањето на политиките и иднината, поголема меѓусебна соработка која ќе води кон регионална трансформација, напредна дигитализација, подобро вработување и заштита на животната средина – ова се заедничките цели на младите кои произлегоа од панел сесиите и работилниците на петдневната конференцијата насловена како “Европски вредности за иднината на земјите во Југоисточната Европа“ во организација на Младинскиот сојуз.

Главната тема на годинашната конференција беше „Регионална трансформација”, а низ дискусиите младите и говорниците побараа одговор на дел од најгорливите прашања за регионот со фокус на европската интеграција во време на брзи и непредвидливи промени.

Младите лидери си поставија високи цели и се обврзаа на поголема активност во делот на дигитализација и иновации, соработка и партнерство, безбедност, владеење на право и борбата против корупцијата, како и одржливост и зелена агенда. За да се случи сето ова не треба да се дозволи младите од регионот да останат исклучени од процесите на промени.

“Сега е вашето време и ова е моментот за младите да бидат целосно вклучени. Улогата на институциите треба да биде да се осигура дека сте вклучени во подготовката на политиките за младите, но вашата улога е да станете и да зборувате гласно и да бидете сигурни дека ве слушаат. Затоа што вие подобро знаете што ви е потребно за да се прилагодите на светот што се менува. Единствениот начин да го направите ова е преку вашата вклученост. Токму тоа ни треба нам од вас младите. Да бидете активни и вклучени бидејќи институциите се исто толку силни колку како луѓето што ги претставуваат “, порача Бора Музаќи, министерка за млади и деца во владата на Република Албанија.

И претседателот на Младинскиот сојуз, Методија Стојчески посочи дека младите мора да научат од грешките од минатото на постарите генерации кои ја платиле цената на несоработка и поделби.

„Мора да соработувате, а денес имате неограничени услови за комуникација и можности да патувате слободно. Немате визи и ограничувања како што имаа нашите генерации кога бевме млади. Ние ја плативме цената, но вие сега можете да одите напред заедно. Сменете го наративот. Апелирам наместо да креирате или подржувате говор на омраза, почнете да зборувате за соработка и што може да направите заедно. Верувам во иднината на овој регион ако почнете активно да се вклучувате во неговата трансформација“ порача Стојчески и додаде дека доколку надлежните јавни институции не им дадат шанса и не ги вклучуваат младите да учествуваат во креирање на својата иднина, со тоа дополнително ги мотивираат да си заминат.

На сите сесии говорниците ја истакнаа важноста и потребата за регионална соработка и партнерства како важна алатка со која се промовира прекугранична интеграција и се стимулира трансформацијата на регионот на Југоисточна Европа. Само со заеднички напори може да се постигне заедничко влијание.

„Само заедно и со соработка може да одиме напред. Верувам дека сите заслужуваме подобра иднина. Ние ја создаваме оваа иднина. Поддржуваме иновација и претприемништво. Потребна ни е европска интеграција за промоција на регионалната трансформација,“ порача Татјана Штерјова Душковска, Генерален секретар на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан.

Милена Лазаревиќ, програмски директор на Европскиот полиси центар во Белград вели дека помирувањето, меѓусебната соработка и активно цивилно општество се клучот како бариерите да се претворат во мостови.

„Европската Унија не е единствената цел која е неопходно да ја постигнеме, туку инструмент со кој ќе ги примениме европските вредности овде и ќе ги подобриме животите на сите“, рече Лазаревиќ.

Сите учесници се согласни и дека економската соработка и подобри работни места се најдобар начин за помирување во регионот, но и за забавување на процесот на одлив на мозоци. Технолошката трансформација и дигитализација исто така се важен дел во овој процес.

„Дигитализацијата ќе се случи. И во нашите земји, порано или подоцна. Но, разликата е во тоа дека ќе се случи порано ако како граѓани ги притиснеме нашите политички авторитети. Потребна е политичка волја, но таа ќе стане реалност само ако ние како граѓани извршиме притисок дека тоа ни е потребно. Значи, пораката е дека вие, младите, мора да притискате за решение, мора да зборувате, мора да го кренете гласот. Системот нема да се промени ако граѓаните активно не бараат промени“, рече проф. д-р Марко Кртолица, доцент на Правниот факултет на УКИМ во Скопје.

Учесниците се согласија дека ваквите конференции и платформи како места на кои се слуша гласот на младите и се разменуваат идеи и искуства многу придонесуваат кон подобрување на регионална соработка, како и во конкретна акција конкретна акција за промоција на европските вредности имплементирани преку активностите на младите во регионот на ЈИЕ.

Инаку 19та Меѓународна младинска конференција се одржа во хибриден формат, а покрај младите од земјава учествуваа и претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Италија, Романија, Србија, Словенија и Турција, како и гости од партнерски младински организации од Германија, Франција и Полска кои имаа улога на ментори.

Оваа реномирана меѓународна младинска конференција се одржува традиционално од 2003 година, а е место на кое млади амбициозни луѓе од различни земји се собираат со цел да ги споделат своите идеи и вредности, и конкретни акции за имплементација на европските вредности во своите земји. Во изминатите 19 години на оваа конференција учествувале над 1 500 млади од 25 земји, а одлуките и активностите преземени во рамки на овие иницијативи се проценети дека досега извршиле директен и индиректен импакт врз повеќе од два милиони млади луѓе.

 

Конференција млади Крушево
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.