Меѓународната правда побара враќање во затвор на двајца поранешни високи функционери на српската внатрешна безбедност откако во 2015 година ја повлече одлуката за нивно ослободување. Тие беа осудени за воени злосторства во војните на Балканот од 90те години.
Станува збор за Јовица Станишиќ, 66 години и неговиот заменик Франко Симатовиќ, 67 години. Според меѓународниот суд во Хаг тие треба да се вратат во затвор пред 30 мај откако 17 месеци минаа на слобода.
Според пресудата, групите кои работеле под водство на овие две лица вршеле насилства и уривања во Хрватска и Босна и убивале и мачеле муслимани, Хрвати и други лица кои не биле Срби. Тие организирале и финансирале паравоени српски групи во периодот од 1991-95 година.
Српските власти имаат обврска да ги испратат двете лица до аеродромот во Хаг.
Новото судење е закажано за 13 мај 2017 година пред структурата наречена Механизам за меѓународните судови на Обединетите Нации. Судовите за екс Југославија и Руанда без затворени откако им истече мандатот но новиот механизам може да ги продолжи незвршените случаи.
Првото судење заврши во 2013 година. Судиите тогаш одлучија дека обвинението не успеало да ја докаже “без секое разумно сомневање” вината на двете лица и тие беа ослободени.
Но, во 2015 година Апелациониот суд ја укина ослободителната пресуда велејќи дека судиите не биле во право во повеќе правни точки. Петте судии на Апелациониот суд не бараат нова казна туку ново судење за сите точки на обвинението.
Помеѓу 1992 година и 1995 година во екс југословенската војна без убиени над 100.000 лица а милиони луѓе останаа без покрив над главата.




