Британската премиерка Тереза Меј во обраќањето пред американските конгресмени вчера, застана во одбрана на меѓународните организации како НАТО.
– Некои од овие организации ќе се реформираат и ќе се обноват за да се грижат за нашите потреби. Треба да бидеме горди на улогата што нашите две држави ја имале во нивното создавање и во носењето мир и просперитет за милијарди луѓе, изјави Меј на собирот во Филаделфија.
Таа порача дека Британија и САД веќе нема да освојуваат странски земји за да креираат свет според својот лик, што предизвика бурен аплауз во салата.
Ова е првата станица од нејзината посета на САД, каде денеска ќе се сретне со претседателот Доналд Трамп.
Традиционално британскиот премиер е првиот странски државник со кога се среќавата новиоизбраниот американсји претседател.
Во однос на Русија, таа ги предупреди конгресмените да бидат внимателни.
– Мудро е да се потсетите на примерот на претседателот Роналд Реган, кој се водеше од мотото “верувај, но провери“ во односите со тогашниот претседател на Русија Михаил Горбачов, рече Меј.
Според неа, во односите со сегашниот претседател Владимир Путин треба да се водат од мотото “ангажирај се, но биди внимателен “.




