Британската премиерка Тереза Меј изјави дека по саботниот терористички напад во Лондон, нивото на закана по безбедноста на Британија останува сериозно.

Според неа, по нападот во кој беа убиени седум, а речиси 50 луѓе беа повредени, спроведени се дополнителни безбедносни мерки меѓу кои и мерки за мостовите.

-Независниот здружен центар за анализа на тероризмот потврди дека нивото на закани по безбендоста во Британија останува сериозно, што значи дека посоти голема веројатност дека би можело да биде извршен и нов терористички напад, изјави Меј за Би Би Си по средбата со владиниот Комитет за инти безбендосни ситуации.

-Сега е јасно дека за жал жртвите се од различна националност. Тоа беше напад на Лондон и на Обединетото краслтво, но исто така и напад на слободниот свет, истакна британската премиерка.