Лидерот на британската опозициска Лабуритсичка партија Џереми Корбин изјави дека разговорите со премиерката на Велика Британија Тереза Меј за Брегзит не можат да продолжат поради „се поголемата нестабилност “ на Владата.
Брегзит требаше да почне на 29-ти март – но откако пратениците не го изгласаа договорот, Меј трипати преговараше со Европската унија за нов договор. Европската унија и даде рок на Велика Британија да го пролонгира почетокот на Брегзит до 31-ви октомври.
Ова ги поттикна преговорите меѓу Ториевците и Лабуристите за да се види дали страните би можеле да дојдат до договор за Брегзит.
Во писмото што Корбин го испрати до Меј пишува дека со изборот на нов лидер на Конзервативната партија позицијата на Владата станува се понестабилна, и ја поткопува довербата во “владината способност да испорача било каков компромисен договор “.
Тој, исто така, напиша дека “не ретко, предлозите на владиниот преговарачки тим се контрадикторни со изјавите на другите членови на кабинетот”.
Корбин најави дека неговата партија ќе се спротистави на договорот за Брегзит кој Меј го постигна со ЕУ.
„Внимателно ќе ги разгледаме сите предлози на владата, но без значајани промени, ќе продолжиме да се спротиставуваме на неуспешниот договор“ напиша Корбин.
Тереза Меј повторно ќе се обиде да ја добие поддршката на пратениците на почетокот на јуни кога треба да се гласа за предлог-законот за повлекување на ЕУ – законска регулатива потребна за спроведување на нејзиниот договор со ЕУ.
Ако не успее да ја добие поддршката се очекува таа да го најави своето повлекување.




