Европската унија ја презентираше содржината за преговорите за Брегзит, пишува Би-Би-Си.
Според неа, преговорите за трговските договори ќе започнат веднаш штом биде постигнат значаен напредок за „разводот“.
Драфт верзијата ќе биде испратена што е можно поскоро до 27 земји-членки за потоа да почнат преговорите на маса.
Процесот за Брегзит, премиерката Тереса Меј формално го започна во средата.
На фотографијата објавена на официјалниот Твитер профил, Меј го потпишува писмото со кое се активира член 50 од Лисабонскиот договор.
Британците минатиот јуни со мнозинство гласови на референдум одлучија да излезат од Европската Унија.