Британската премиерка Тереса Меј попладнево по британско време на приемот во Бакингемската палата ќе побара да формира Влада и покрај тоа што на вчерашните избори го изгуби мнозинството во Претставничкиот дом, но ја има поддршката од  Партијата на демократските унионисти.

На Ториевците им недостасуват 12 пратенички места за да стигне до бројката 326 што значи контрола во Парламентот.

Конзервативците предводени од Тереса Меј, го загубија мнозинството во британскиот Парламент и покрај тоа што победија на вчерашните избори.

Лабуристите, кои се опозиционери во Обединетото Кралство, добија повеќе парламентарни места отоколку што имаа претходно.

Ако се знае дека премиерката Тереса Меј ги свика овие избори за да ја зацврсти својата позиција во пресрет на преговорите за Брегзит, ваквите резултати може да се сметаат за нејзин пораз.

Џереми Корбин, лидерот на Лабуристите побара оставка од неа, но Меј рече дека нејзината партија ќе гарантира сигурност.

– Пред било што друго, на оваа земја и треба период на стабилизација. И ако, Конзервативната партија освои повеќе места во Парламентот, а освои, ние ќе гарантираме период на стабилност, изјави Меј.

Комесарот за буџет на ЕУ, Гунтер Отингер вели тешко дека со вака поставената ситуација ќе почнат преговорите за излегување на Велика Британија од ЕУ.

Изјавата на Корбин се совпаѓа со тврдењата на Отингер.

„Ако било каква порака излезе од изборите тоа е следната: Премиерката ги побара изборите бидејќи сакаше мандат. Таа освои мандат, но со загубени пратенички места, загубени гласови, поддршка и доверба. Мислам дека тоа е доволно да се замине и да направи просторот за нова Влада која ќе биде застапник на народот“, изјави Корбин.