Published: Monday, November 14, 2016 12:52
Премиерката на Велика Британија Тереза Меј денеска изјави дека победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори и гласањето за излез на Британија од ЕУ означуваат нова ера на длабоки промени во светот.
Меј во Лондон изјави дека Британија не смее да одбива промени и да ги води битките од минатото, туку да се адаптира на сегашноста, пренесе АФП.
Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон оцени дека Трамп е „расположен за договор “.
– Мислам дека тоа би можело да биде добра работа за Битанија, но исто така и за Европа. Мислам дека тоа е она на што треба да се фокусираме денес, изјави Џонсон.




