Published: Thursday, January 12, 2017 19:02
Британската премиерка Тереза Меј во вторник ќе одржи важен говор по повод Брегзит, најави денеска новинар на британската агенција Прес Асосиејшн.
Тој во објавата на Твитер се повика на извор во Канцеларијата на британската премиерка, кој сакал да остане анонимен, пренесува Ројтерс.
Меј на 8. јануари најави дека следните недели ќе ја претстави стратегијата на Британија и дека до крај на март ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор, со што Британија и официјално ќе го започне процесот на истапување од ЕУ.




