Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мекиците за првото бебе ги изненадија бегалците од Авганистан

0
By НОВА ТВ Balaban on September 3, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Убаво поминавме… тие почнаа да се чудат, а им објаснивме дека кај нас обичај е со мекици да го одбележиме доаѓањето на свет на нов член во семејството. Однесовме 200 мекици, а сите бегалци ги бендисаа и наздравија во чест на нивниот најмлад сонародник – изјави за НоваТВ, Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот Крст на град Скопје.

Мекици замирисаа денеска во хотелот Белви, за добредојде на првото бебе од Авганистан кое се роди во вторникот на Клиниката за гинекологија, односно  уште на вториот ден по доаѓањето во Македонија на првата група од 149 бегалци.

Активистите на Црвениот Крст на град Скопје денеска ги изненадија сонародниците на најмладиот член, кое е “прво, па машко“,  кои, веднаш по пристигнувањето, беа сместени во хотелот Белви.

– Убаво поминавме… тие почнаа да се чудат, а им објаснивме дека кај нас обичај е со мекици да го одбележиме доаѓањето на свет на нов член во семејството. Однесовме 200 мекици, а сите бегалци ги бендисаа и наздравија во чест на нивниот најмлад сонародник. Инаку денеска го отворивме и детското катче во хотелот, а од понеделник бегалците од Авганистан ќе можат да го разгледаат и Скопје, со организиран превоз од ЈСП – изјави за НоваТВ, Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот Крст на град Скопје.

Бебето со неговата мајка биле вчера отпуштени од Клиниката и лекарите велат дека и двајцата се во добра здравствена состојба.

Како што објави порталот ММС, бебето, по желба на родителите, ќе се вика Ахмад Ислам Фаик.

Како што објавивме вчера, активистите на Црвениот Крст на град Скопје , уште веднаш по пристигнувањето во нашата земја, им го олеснуваат животот на бегалците и се главната логистика за сите нивни потреби и барања.

Инаку, на првото бебе од Авганистан кое се роди во Македонија, му следува и македонско државјанство по раѓање. Во првата група бегалци, има уште четири трудници.

Љубица Балабан

Активисти на Црвениот Крст на град Скопје

 

Авганистан бебе бегалците Мекици хотелот Белви Црвениот Крст на град Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.