Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црвениот Крст на Скопје на 149те бегалци им ја олеснува носталгијата за родниот Авганистан

0
By НОВА ТВ Balaban on September 2, 2021 ВЕСТИ
Фото: rte.ie
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 2, 2021 16:29

Но еден млад Авганистанец веќе побарал помош од психолог и тоа веќе се организира да му се обезбеди, а 55 лица се заинтересирани да примат вакцина против коронавирусот…

Користат во исхраната маслиново наместо сончогледово масло, пијат повеќе чај отколку вода, а лебот е малку поразличен од нашиот…Откако пред пет дена  стасаа во Македонија, првата група од 149 бегалци, кои се сместени во хотелот Белви на периферија на Скопје, полека се прилагодува на животот во друга земја, на 4.000 километри оддалеченост од нивниот роден Авганистан…А за полесно да се адаптираат, тие ќе имаат и курсеви по странски јазик и компјутери, детско катче, а ЈСП ќе ги вози секој ден за Скопје.
Но бегалскиот живот сепак не е лесен – еден млад Авганистанец веќе побарал помош од психолог и веќе се организира таа да му се обезбеди, а една третина од пристигнатите или 55 лица се заинтересирани да примат вакцина против коронавирусот…
И пакети за „добредојде“, со инфо флаери за град Скопје

Бидејќи се уште не е дозволено да направиме репортажа и директно да поразговараме со некој од нив, сликата за тоа како се сместени и што може да очекуваат за време на тримесечниот престој во Македонија, која широко ги отвори вратите за да им ги олесни страдањата, ни ја доловува Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот Крст на град Скопје.

Оваа организација е главна логистика и за бегалците од Авганистан.

Во врска со тоа што досега обезбедиле за бегалците и што тие најчесто бараат, Тунева раскажува:
– По прифатот на скопскиот аеродром, активистите на Црвениот Крст на град Скопје поделија основни пакети за хигиена и  дезинфекција, како и пакети за „добредојде“ со инфо флаери за град Скопје. На бегалците од Авганистан им поделивме и инфо флаери за ковид-мерките во државата, и дополнителни хигенски средства. Исто така, направена е и  дистрибуција на хигиенски пакети за мажи, жени, деца и бебиња, но и облека и  обувки – вели Тунева и додава дека тие најчесто бараат да се задоволат нивните основни потреби, бидејќи немаат ништо, освен најнеопходните работи што ги земале со себе пред да го напуштат Авганистан.
Детско катче, курс по странски јазик

Таа најавува дека тие ќе имаат можност и за други активности.

– Во процедура е и отварање на детско катче и Центар за комуникација со компјутери. Исто така, ќе се започнат и активности за неформално образование, за посета на курс по странски јазик за овие три месеци, додека се тука – вели Тунева.

За тоа има ли големи разлики во начинот на живеење, на што се вчудовидуваат најмногу бегалците од Авганистан и дали и кога ќе почнат да се движат и вон хотелот, таа појаснува:
– Да, секако дека има разлики во културата на живеење, на пример, користат маслинов зејтин, пијат повеќе чај од вода, лебот е поразличен од нашиот и слично. А ќе имаат можности за движење и за тоа сме во преговори со ЈСП да имаме автобус два пати во денот. Инаку, за тоа во каква здравствена состојба се наоѓаат овие лица, сите се ПЦР негативни, а 55 лица се заинтересирани за вакцина. Генерално, бегалците коишто пристигнаа во Скопје се здрави, со исклучок на лица кои имаат потреба од терапија за шеќер и зголемен крвен притисок. Има и 4 жени трудници меѓу нив -додава секретар Тунева Пауновска. 

Сите активности на Црвениот крст- Скопје  се поддржани од страна на Фондацијата отворено општество.

Љубица Балабан 
Авганистан бегалци Сузана Тунева Пауновска Црвениот Крст на град Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 18, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

ВЕСТИ May 18, 2026

Советот на Европа направи нов институционален чекор кон формирање Специјален трибунал за злосторството агресија против…

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.