Published: Wednesday, December 20, 2017 11:02
На островот Јукатан во Мексико, 12 луѓе загинале, а 18 биле повредени по сообраќајна несреќа на автобус кој превезувал туристи.
Помеѓу загинатите во автобусот кој превезувал 31 турист од САД, Бразил, Шведска, Италија и други земји, има и едно дете.
Автобусот патувал од селото Махахуал до архолошкото подрачје Чакобен.
Поголем дел од туристите биле гости на брод на Ројал Кариби, позната компанија која посетува неколку туристички места низ светот.




