Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мексико: Федералците се судрија со вооружените цивили

0
By Нова ТВ on January 15, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Федералната војска на Мексико која започна офанзива против нарко-картелите и преземање на контролата во проблематичните градови и во државата Мичоакан, се судри со вооружените цивили кои одбиле да се разоружат.

Самоорганизирани групи на цивили, кои почнале да се вооружуваат пред една година и да заземаат градови кои ги контролирале нарко-клановите, почнале да стануваат се помногубројни, па федералната влада неодамна побара од нив да се разоружаат.

Одлуката за воена офанзива беше донесена во понеделникот, кога вооружени локалци зазедоа уште еден град и го опколија Апасинган.

Околу 200 федерални полицајци и војници упаднаа во Апасинган и ја разоружаа локалната полиција во градот, познат како упориште на нарко-бандата „Витези темплари“, пренесува агенцијата АФП. Претходно во судирот меѓу федералните сили и самоорганизираната цивилна полиција беа убиени четири луѓе, меѓу кои и едно дете.

Цивилната полиција одбива да го предаде оружјето се додека водачите на нарко-картелите не бидат уапсени. Цивилната полиција зазеде околу 20 градови во Мичоакан и покрај предупредувањето на федералната власт дека нема да го толерира нивното ширење.

Аналитичарите сметаат дека владата тактички им дозволила на самоорганизираните цивили да ги извршуваат безбедносните задачи се до сега, што носи и ризик, бидејќи во Колумбија цивилната полиција прерасна во паравоена насилна формација.

Безбедносната ситуација во Мичоакан стана најсилен предизвик за претседателот Енрико Пенја Нјети, кој пред 13 месеци кога дојде на власт вети пресметка со криминалните и со нарко-картелите, во што не успеа, па локалците почнаа да се самоорганизираат и да преземаат контролата над градовите во кои владееја нарко-бандите.

Во последните седум години во војната меѓу нарко-картелите убиени се над 77.000 луѓе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.