Published: Wednesday, August 1, 2018 14:45
Патнички авион со 103 патници и членови на екипажот се сруши во Мексико. Несреќата се случила непосредно по полетувањето од аеродромот во гратчето Дуранго. Повредени се 85 патници, од кои некои потешко.
Вистинско чудо е што во уривањето нема ниту еден загинат. Како што пренесува Ројтерс, патниците и екипажот успеале да се извлечат од авионот пред да избувне пожар.
Гувернерот на на Дуранго Хозе Аиспуро на твитер напишал дека„ официјално е потврдено дека нема загинати во несреќата“, пренесува агенцијата Асошиетед прес. Тој додал дека очевидците слушнале нешто што личело на пукање и одеднаш авионот паднал на земја.
Авионот од моделот „Ембраер 109“ летал на релација Дуранго – Мексико Сити.




