Најсилниот ураган некогаш забележан во пределот на Америка, кој се очекува да биде “катастрофален“, го стави на готовс Мексико.
Мексиканските власти почнаа да ги евакуираат граѓаните пред да пристигне ураганот „Патриција“, кој се споредува со тајфунот Хаијан, во кој загинаа 6.300 луѓе во 2013 на Филипинските Острови.
Вонредна состојба е прогласена во три држави кои се на патот на „Патриција“. Се очекува ветар со брзина од 325 километри на час, и тоа во петок навечер.
Според мексиканската Агенција за катастрофи, околу 400.000 луѓе кои живеат на “ранлива површина“ биле евакуирани, бидејќи од дождовите се очекуваат поплави и лизгања на земјишта.
Според Светската меторолошка организација, ветровите кои би ги донел ураганот можат да носат и еден авион во воздухот, буквално каде сакаат.
Временските прогнозери велат, Патриција ќе дојде од западната држава Халиско, а ќе продолжи во државите Колима и Гереро.
Затворени се училишта, затворени се продавници, се собираат залихи на храна во моментов во Мексико.
Ова време во годината е секогаш критично за Мексико.




