Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меморандум за соработка помеѓу Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанската комора на Чешка

0
By Ivana on March 14, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 14, 2022 17:58

Сојузот на стопански комори на Македонија потпиша Меморандум за соработка со Стопанската комора на Република Чешка согласно кој двете деловни организации заеднички ќе делуваат во насока на унапредување на економската соработка и зголемување на трговската размена меѓу двете земји преку воспоставување на директна комуникација меѓу деловните ентитети.

Меморандумот за соработка го потпишаа претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски и директорот на Стопанската комора на Чешка, Јиржи Хансл во присуство на високи претставници на организациите и деловните заедници од двете земји по одржана билатерална средба.

Договорот предвидува двете комори да ја продлабочат соработката во насока на склучување на директни партнерства за зацврстување на деловните релации меѓу претставници на бизнис заедницата преку разменување на информации, организирање и промоција на заеднички настани, организирање на посети на деловни делегации, размена на експертиза, соработка на меѓународни проекти и други активности.

Потпишувањето на Меморандумот се реализира во рамките на Македонско-чешки бизнис форум кој ќе се одржи утре во Скопје во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија и Амбасадата на Република Чешка.

Во рамки на бизнис форумот ќе се обратат и заменик министер за индустрија и трговија на Чешката Република, Едуард Муржицки и амбасадор на Чешката Република во Скопје, Јарослав Лудва. По  обраќања на владини претставници  ќе има презентација на чешките компании, по што следува и работниот дел во кој ќе се реализираа директни бизнис средби.

Република Чешка спаѓа во групата на земји со најголем обем на размена со Република Северна Македонија. Во изминатата 2021 година од нашата држава во Чешка се извезени стоки во вредност од 111 милиони евра, со што се бележи раст на извозот од 78 отсто, додека  вредноста на увозот изменува 128 милиони евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.