Мендух Тачи останува на чело на ДПА. Вака одлучиле доцна попладне членовите на централното собрание на Демократската партија на Албанците, тој да остане на чело на партијата до локалните избори што треба се одржат годинава.
Тачи изјави дека не ја признава платформата на албанските партии и ја нарече славјанско-руска платформа.
По изборите на 11 декември ДПА освои само две пратенички места, по што Тачи поднесе оставка.