Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мерц: Големите сили го прекројуваат светот

0
By Zoran Ivanov on January 29, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 29, 2026 13:16

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека глобалниот поредок заснован на правила не е мртов, и покрај „бурните ветрови“ што ја најавуваат „појавата на светот на големите сили“ и повика на зајакнување на НАТО во Европа, додека им подаде рака на соработка на Соединетите Американски Држави.

Мерц во обраќањето пред членовите на германскиот парламент изјави дека Европа повеќе нема да биде заплашена од царински закани, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече своите закани за користење на вакви тарифи против неколку европски земји како оружје за заземање на Гренланд, објави Ројтерс.

Веќе неколку недели сè појасно го гледаме појавувањето на свет на големи сили. Бурни ветрови дуваат во овој свет и ќе ги почувствуваме нивните ефекти во догледна иднина. Сè повеќе земји низ целиот свет признаваат дека сегашната глобална реорганизација претставува и можност за сите актери кои претпочитаат правила пред самоволие и кои гледаат повеќе предности во слободната и фер трговија отколку во еднострано остварување на исклучив личен интерес, додаде Мерц.

Ние сме под притисок од многу страни, Европа секогаш растела кога била под притисок, рече Мерц во Бундестагот.

Тој додаде дека повторното растење на германската економија е „предуслов за сè друго“.

Мерц најави посебен самит на ЕУ во февруари, чиј главен фокус, според него, ќе биде како ЕУ може да ја врати својата конкурентност.

Знаеме каде лежат проблемите. Мораме повторно да ја направиме нашата економија конкурентна, рече Мерц.

Тој додаде дека договорот со јужноамериканската трговска унија „Меркосур“ е неопходен, а исто така го бранеше и договорот за слободна трговија на ЕУ со Индија.

Мерц ги критикуваше изјавите на американскиот претседател Трамп во врска со распоредувањето војници од партнерските земји во Авганистан, без да го спомене неговот име.

Нема да дозволиме ова распоредување да биде оцрнето денес, рече Мерц.

Германскиот канцелар рече дека Европа мора да зборува со јазикот на политиката на моќ и дека нејзината сопствена одбрана мора да се зајакне.

големите Мерц светот сили
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
shortcut
ФОКУС
August 4, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

ВЕСТИ August 4, 2026

Украина отвори ново поглавје во развојот на модерното војување со спроведување на првата позната борбена…

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.