Published: Thursday, February 19, 2026 10:51
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека има мали шанси за брзо завршување на војната во Украина преку преговори.
Мерц изјави за германските весници NBR и Rheinfalz дека според него војната ќе заврши само кога една од двете страни ќе биде исцрпена, „или воено или економски“.
Разумот и хуманитарните аргументи нема да го убедат рускиот претседател Владимир Путин. Тоа е горчливата вистина, рече Мерц. Според него, целта на европските напори е „да се спречи руската држава воено да ја продолжи војната и да ја финансира“, објави Шпигел.
Мерц смета дека е практично невозможно нормалните односи со Путин некогаш да се вратат. Кога го гледам овој режим и овој слеп, бесен терор, имам малку надеж, рече германскиот канцелар.




