Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мерење на земјотресите – кој степен е опасен

3
By Нова ТВ on September 12, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За мерење на земјотресите, сеизмолозите во светот користат сеизмографи и сеизмоскопи. Додека сеизмоскопите ги мерат брановите на земјотресот, сеизмографот препознава три мерни единици: Рихтеровата, Меркалиевата (Меркалиева-Канкани-Сиберг) и помалку познатата Моментална-магнитуда.

Рихтеровата и Меркалиевата скала различно ги мерат земјотресите. Рихтеровата мери магнитуда (големина) додека Меркалиевата – интензитет.

Магнитудата се одредува според развиената енергија за време на потресот, додека интензитетот го мери ефектот на земјотресот врз луѓето и зградите во специфично место.

Рихтеровата скала, воведена од Чарлс Рихтер во 1935 година, во практика има ограничена вредност и нема потрес кој е поголем од неа. На оваа скала земјотресот се мери од  0 до 9.

Кога магнитудата е од 1 до 2 степени, земјотресот може да се забележи само со сеизмограф или друг уред. Вакви земјотреси се случуваат илјадници во една година. Кога магнитудата е од 3 до 4 степени, земјотресот е благ но може да се случат помали штети. Доколку магнитудата според Рихтеровата скала е од 5 до 6 степени земјотресот се чувствува многу и тогаш може да паѓаат полици или да се јават пукнотини на ѕидовите. Вакви земјотреси годишно се случуваат до 200.

Од 7 степени натаму земјотресите се многу пострашни. Земјотрес со јачина од 7 до 8  предизвикува голема штета. Зависно од времетраењето може да паднат згради и мостови. Годишно се случуваат десетина вакви земјотреси.

Деветиот степен веќе значи промена на природната слика.

merkaМеркалиевата од друга страна брои до 12 степени. Според оваа мерна скала, од 1 до 4 земјотресите се прилично слаби. Земјотресите до 3 степени речиси и да не се чувствуваат, а четвртиот степен се слични на 5/6 степени од Рихтер.

Петтиот степен според Меркалиевата значи прилично силен земјотрес кој најверојатно ќе го почувстуваат сите. Доколку земјотресот е интензитет од 5 степени се придвижуваат предмети во домовитe.

Меркалиевиот степен 6 го опишува земјотресот како силен, почувствуван од речиси сите и кога може да се оштетат повеќе делови од објекти.

Интензитетот со јачина од 7 Меркалиеви степени прави штета на зградите, и на куќи, а се чувствува и доколку се возите во кола.

Осмиот и деветиот степен се прилично разорни кога се јавуваат и пукнатини на патот.

Земјотрес со јачина од 10 степени според Меркалиевото мерење значи дека истиот бил многу разорен, дека можат да се оштетат поголем дел од зградите се појавуваат свлечишта и огромни пукнатини.

Земјотресот од 11 степени значи дека е катастрофален кога паѓаат куќи, мостовите, се рушат патишта и други големи објекти.

Земјотресот е тотално катастрофален кога неговата јачина е 12 степени спред Меркалиевата скала, што во превод значи – настанува катаклизма.

Земјотресите настануваат кога два дела од површината на Земјата се движат еден кон друг и поради тектонските сили се случува земјотрес. Тогаш се ослободува огромна количина на енергија во форма на потреси и вибрации.

земјотрес Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.