Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика САД да примaат повеќе баратели на азил, во момент кога Европа се соочува со најголемиот прилив на мигранти од Втората светска војна.
– Не е реално Европа сама да се соочи со оваа ситуација, без помош од САД, порача Меркел пред пратениците на нејзината Христијанско-демократска унија и коалицијата.
Таа рече дека САД можат да преземат повеќе бегалци од Сирија, како и да ги подобрат условите за живот на Сиријците во бегалските кампови во Либан, Јордан и Турција.
Меркел истакна дека не очекува брзо решавање на бегалската криза.
– Решение нема да се најде веднаш. Потребни ни се трпение и издржливост, потенцираше Меркел.
САД објави дека ќе прима најмалку 10.000 сириски бегалци во текот на фискална 2015 година, која почнува следниот месец.




