Published: Thursday, September 24, 2015 10:40
Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека и сирискиот претседател Башар ал Асад треба да се најде во разговорите за решавање на бегалската криза, со цел да се прекине конфликтот во земјата.
– Треба да се разговара со многу играчи, а меѓу нив е Асад, но и други. Не треба да се преговара само со САД и Русија, туку и со важните регионални партнери, сунитските земји како што е Саудиска Арабија, изјави Меркел на прес-конференција во Брисел.
Францускиот претседател Франсоа Оланд нагласи дека иднината на Сирија не може да биде во рацете на Башар ал Асад.
Тој смета дека не може да има успешна транзиција во земјата ако тој не се повлече.




