Европа мора да ја подели одговорноста во борбата со масовната миграција, порача германската канцеларка Ангела Меркел, со образложение дека Германија не може да ги прифати сите кои одат таму само поради економски причини.
Меркел вели мигрантската криза е предизвик за цела Европа, не само за нејзината земја.
– Европа мора да преземе одговорност и да даелува заеднички. Германија не може сама во ова, порача германската канцеларка.
– Ние сме голема и силна земја. Но, да помислите дека можеме сами да ги решиме светските проблеми, тоа не е реално. Сакаме да ги прифатиме оние на кои им е најпотребна помош, но мораме да им порачаме на оние кои доаѓаат поради други причини, како што е економската, дека немаат перспектива ако останат овде, порача Ангела Меркел на состанок со синдикатите во Германија.




