Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Берлин изјави дека „многу жали“ поради одлуката на Трамп да се откажат од Парискиот договор.
„Договорот е исклучително важен за постигнување на климатските цели до 2030 година. Ние во Германија, Европа и светот, порешително од кога и да е, ќе ги обединиме сите сили за да справиме успешно со големите предизвици за човештвото, како што е промената на климата“, изјави Меркел.
Германската канцеларка нагласи дека со борбата против глобалното затоплување се обезбедува благосостојба и се подобруваат шансите во светот.
На земјите коис е најпогодени поради промените на климата, Меркел порача:
„Ние ќе ги спроведеме нашите обврски од договорот и во поглед на финансирањето на најсиромашните и најранливите земји на светот, поради тоа што тие земји не можат да излезат на крај со предизвиците со кои се соочени.“




