Германскиот канцелар Ангела Меркел ќе разговара со британскиот премиер Дејвид Камерон по неговата најава дека е можен референдум за излез од ЕУ.

Меркел и Камерон во моментов учествуваат на Светскиот економски форум кој се одржува во Давос.

За разлика од острите реакции на европските лидери, Меркел побара да види што всушност предлага Камерон.

Предходно германскиот министер за надворешни работи, Гвидо Вестервеле изјави дека е можно Германија да се согласи, некои од веќе дадените овластувања на Брисел, да се вратат во надлежност на земјите-членки. Вестервеле меѓутоа инсистира дека таа рбота може да помине само со согласност на сите 27 членки.