Published: Tuesday, July 12, 2016 10:34
На ден пред стапувањето на Тереза Меј на функцијата премиер на Велика Британија, германската канцеларка Ангела Меркел побара од оваа земја брзо да ги објави своите намери по брегзит референдумот.
«Велика Британија ќе мора брзо да разјасни какви односи сака да има во иднина во Европската унија», изјави Меркел на годишниот прием за странските дипломати во близина на Берлин. Таа повтори дека сега британската влада е на потег и мора да преземе иницијатива и да ја нотифицира својата волја за излез од ЕУ за да може да почне оваа долга процедура.
Меркел смета дека волјата на Британците да излезат од ЕУ е «горчлив прекин» но уверена е дека «ЕУ е доволно силна за да може да го поднесе овој пресек».




